Фудбалерот од средниот ред на Арсенал, Арон Ремзи ќе стане фудбалер на Јувентус по зaвршувањето на оваа сезона. Ова го најавија неколку од новинарите блиски до торинскиот клуб.
Според информациите, велшкиот фудбалер веќе потпишал прелиминарен договор со „бјанконерите“, кој ќе стапи на сила во текот на летото. Актуелниот договор на Ремзи со Арсенал истекува во јуни, а од 1 јануари, тој има право да преговара за трансфер со други клубови.
Претходно беше објавено дека и Јувентус се согласи со условите на договорот со Ремзи.