Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастиен Алер ќе мора да направи пауза откако му е дијагностициран рак на тестисите, соопшти прес-службата на германскиот клуб.
28-годишниот фудбалер ќе оди на хемотерапија и нема да може да му помогне на тимот неколку месеци.
„Себастиен ќе го добие најдобриот можен третман. Шансите за опоравување се многу добри. Нему и на неговото семејство му посакуваме сила и оптимизам. Сите наши мисли се со него во овој тежок момент“, изјави Себастијан Кел, спортски директор на тимот од Дортмунд.
Да потсетиме, Алер во летниот преоден рок се пресели во Борусија Дортмунд од Ајакс Амстердам. Договорот на напаѓачот со германскиот клуб е до 2026 година. Алер претходно играше за Вест Хем Јунајтед, Ајнтрахт, Утрехт и голем број други клубови.