Тренерот на Селтик, Брендан Роџерс, доби дозвола од клупското раководство на шкотскиот тим да почне преговори со англискиот премиерлигаш Лестер. Англискиот клуб испрати официјално барање до 46-годишниот северноирски стратег, кој би божел да се пресели на кормилото на „лисиците“.
Претходно, за Роџерс интерес имаше и од Њукасл, кој најверојатно на крајот на сезоната ќе остане без Рафаел Бенитез.
Роџерс има договор со Селтик до 2021 година.