Британецот, Луис Хамилтон, ја заокружи одличната сезона соп триумф во Абу Даби на последната сезонска трка во Формула 1. Тој денеска извозе рутинирано и помина прв низ целта. Второто место му припадна на Макс Верстапеп на третото на пиедесталот се искачи Шарл Леклер.
Сепак ќе треба да се сочека одлуката на стјуардите дали тој распоред ќе остане бидејќи на возачот на Ферари му прети дисквалификација поради спорната количината на гориво во болидот. Доколку Шарл Леклер биде казнет, неговото место ќе го превземе Валтери Ботас. Денеска бодови освоија уште и Фетел, Албон, Перез, Норис, Квајт и Саинц.
Хамилтон ја одбрани титулата пред колегата од Мерцедес, Валтери Ботас и Макс Ферстапен додека Мерцедес повторно ја обезбеди титулата кај конструкторите .Наредната сезона ќе започне догодина на 22 март на патеката во Австралија.