Макс Верстапен максимално ги искористи перформансите на болидот на Ред Бул и ја забележа 43-та победа во кариерата во Формула 1 или осмата во сезонава.
Тој денеска славеше на патеката – „Силверстон“ на трката за Големата награда на Велика Британија. Второто место го освои Ландо Норис со Мекларен пред неговиот сонародник од Мерцедс, Луис Хамилтон. Во првите десет уште влегоа и: Пјатри, Расел, Перез, Алонсо, Албон, Леклер и Саинц.
Холанѓанецот со денешниот триумф има 229 бодови и останува неприкосновен лидер кај возачите пред Серхио Перез кој има 149 и Фернандо Алонсо со 131 бод. Наредната трка во Ф1 ќе биде реализирана во Унгарија на 23 јули на патеката – „Хунгароринг“.