Полскиот фудбалски репрезентативец, Војчех Шчесни, ќе остане на голот на Јувентус и во наредните четири години.
Деталите на новиот договор се уште не се познати и најверојатно ќе бидат откриени во наредниот период. Полјакот пред три сезони го напушти Арсенал и се пресели во редовите на „старата дама“. Тогаш тимот од Торино им плати на англичаните скромни 14 милиони евра.
Чуварот на мрежата на Јуве во тековната сезона има одиграно 16 натпревари. Десет се во Серија А, пет во Лигата на шампионите и еден меч е во Супер-купот на Италија.