Новиот тренер на италијанскиот тим Џенова, Андриј Шевченко нема да може да смета на двајца главни играчи во дебито на чело на тимот во Серија А против Рома в недела на 21 ноември.
Натпреварот за Џенова поради повреди ќе го пропуштат дефанзивецот Доменико Кришито и напаѓачот Фелипе Каиседо. Двајцата не се во комбинација на неодредено време. Шевченко, кој до неодамна ја водеше репрезентацијата на Украина, го замени Давиде Балардини и има тешка задача да го спаси тимот од испаѓање.
Џенова во моментов по одиграни 12 кола е на 17. место на табелата. Самиот Шевченко најави дека Горан Пандев ќе биде во стартниот состав на Џенова на средбата со Рома.