Легендарниот напаѓач, Алан Ширер, упати критики за „црвените ѓаволи“ кои имаат разочарувачка сезона.
„Мислам дека ова е најлошиот тим на Манчестер Јунајтед што сум го видел во мојот живот. Ќе им треба долго време да се приближат до врвот“ – вели Ширер.
„Дури и да се опорават сите играчи, ќе им треба многу време да го достигнат нивото на Сити, Ливерпул и Арсенал“ – нагласи Ширер.