Претседателот на Шпанската фудбалска федерација, Луис Рубиалес, изрази поддршка за селекторот на националниот тим, Луис Енрике, и покрај неуспешниот обид на Шпанците да се пласираат во финалната фаза на Лигата на нациите .
„Се разбира, би било добро да стигневме до финалната фаза, но барем успеавме да останеме во Лигата А. Исто така, мора да имаме на ум дека тимот е во процес на реструктуирање и има многу млади фудбалери во составот. Ќе продолжиме да одиме чекор по чекор и да веруваме во играчите“, вели Рубиалес.