Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид Де Геа, сака да си замине што побргу од „Олд Трафорд“ бидејќи проценил дека неговиот тим го нема потребниот капацитет за да се бори за трофеи како на домашната така и на меѓународната сцена.
Шпанецот очигледно донел одлука бидејќи во моментов има две понуди од Јувентус и ПСЖ. Наводно, италијанците сакаат да почекааат да му заврши договорот (2020) додека Французите се подготвени веднаш да платат дури 90 милиони евра што претставува одлична сума.
Познато е дека тренерот на „црвените ѓаволи“, Мурињо, има пикирано евентуална замена за Де Геа доколку тој остане на ставот да си замине. Станува збор за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд.