Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Андрес Ерера, иако доби големи пофалби за играта од страна на менаџерот, Оле Гунар Солскјер, најверојатно во летниот трансфер перидо ќе се пресели во ПСЖ.
Според британските новинари, интернационалецот од Шпанија одбил да потпише нов договор со „црвените ѓаволи“ бидејќи им дал збор на челниците на тимот од Франција. Се шпекулира дека има направено и пред-договор.
Ерера во 2014 година го напушти Атлетик за сума од 36 милиони евра и пристигна на „Олд Трафорд“. Тој досега одигра 187 средби.