Голманот на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Давид де Геа, дефинитивно беше еден од најзаслужните за победата на неговиот тим на последниот дерби меч со Тотенхем одигран на легендарниот стадион –„Вембли“ во Лондон.
„Јас дури и заборавив на некои интервенции, затоа не би можел да ја издвојам најдобрата, тренерот донесе среќа во тимот, фудбалерите играат добро а екипата е во моментов многу силна“ –вели голманот на „црвените ѓаволи“.
„Знаеме како да ги контролираме натпреварите. Навистина создаваме и многу шанси и постигнуваме голови“ – изјави Де Геа по шестата победа во серија во сите натпреварувања.