Денеска на патеката „Силверстон“ во Велика Британија ќе започне дводневното тестирање на гумите на Пирели кои треба да се користат од наредната сезона.
Италијанската компанија сака да воведе нов тип на пневматици кои нема да се загреваат пред трката. Досега се направени неколку слични тестови но, тоа не им се допадна на дел од возачите.
Ќе потсетиме дека повеќето од нив предводени од Луис Хамилтон, Џорџ Расел и Макс Верстапен, предупредија дека таквите гуми може да предизвикаат инциденти на патеките.