Најдобрата светска тенисерка и прва носителка на Ролан Гарос, Полјачката Ига Швјонтек брзо се пласираше во четвртфиналето на парискиот Грен слем, откако во осминафиналето без загубен гем ја совлада Русинката Анастасија Потапова.
Швјонтек победи против Потапова со 6-0, 6-0 за само 40 минути игра.
Тоа беше нејзината најбрза победа на ВТА турнејата. Таа загуби само 10 поени во целиот меч.
Во четвртфиналето најдобриот светски рекет во женска конкуренција ќе игра против Маркета Вондроушова, која ја победи Србинката Олга Даниловиќ со 6-4, 6-2.