Македонскиот фудбалски прволигаш Силекс денеска ги засили своите редови со младинските репрезентативци Љупче и Ѓорге Џеков.
Љупче е голман, а неговиот брат е одбранбен фудбалер и двајцата доаѓаат од редовите на Брера Струмица.
Силекс со новиот тренер Александар Васоски ги почна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а најавите се дека ќе има уште неколку нови засилувања во зимскиот преоден рок.