Менаџерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне призна дека неговиот тим бил надигран од Барселона во дербито на Примера Дивизион. „Јорганџиите“ доцна синоќа загубија со 3-0 на „Ванда Метрополитано“.
„Нашиот противник беше супериорен. Имавме шанси но, Бариос и Мората промашија. Вториот примен гол практично го реши натпреварот“, истакна Симеоне.
Аргентинецот загуби 64% од натпреварите против Барселона во Ла Лига. Под негово водство, Атлетико има само 2 победи од 25 натпревари.