Шпанските медиуми наведуваат дека Чоло Симоне на крајот на сезоната дефинитивно ќе си замине од кормилото на Атлетико Мадрид.
Аргентинецот го води шпанскиот фудбалски состав цели 13 години и во 700 мечеви има 300 победи. Последната беше на мечот со Алавеш со 2:1. Веднаш по дуелот Симеоне имаше кратка изјава за новинарите.
„Како што можете да видите, живеам за моментот. Се наоѓаме во силен период а играчите се одговорни во извршувањето на обврските. Јас сум мирен. Јас сум на место кое многу го сакам“ – рече кратко Симеоне.