Вечер на ЕП во ракомет на програмата е големото скандинавско дерби меѓу Данска и Шведска.
Во пресрет на дуелот, еден од најискусните во составот на Данска, голманот Ландин вели дека со нетрпение го очекува дуелот со еден од најлутите ривали на Данците.
„Ќе биде голема пресметка. По овој меч мислам дека ќе добиеме многу одговори. Ваквите натпревари едноставно ги очекувате како играч, треперите за нив. Ние ги знаеме многу добро Швеѓаните а тие не знаат нас. Повторно ќе биде тактичка битка од страна на тренерите“ – вели Ландин.