Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, кој долго време ја делеше соблекувалната со многу ѕвезди на „црвените ѓаволи“, имаше тежок избор кога станува за голманската позиција.
Ветеранот од „Олд Трафорд“ ги издвои: Питер Шмајхел, Едвин Ван Дер Сар и Давид Де Геа а кога требаше да избере само еден, се одлучи за неверојатниот Данец со кој делеше многу среќни моменти на теренот.
„Питер Шмајхел беше најдобриот со кој сум играл. Тој изгледаше огромно, беше речиси невозможно да му се даде гол“ – потенцираше Сколс.