Привремениот тренер на Реал (М), Сантијаго Солари има 3 натпревари за да обезбеди постојан договор со Реал Мадрид, барем до крајот на сезоната, објавија шпанските медиуми.
Во сабота, Реал ќе го пречека тимот на Ваљадолид во првенството, а потоа ќе гостува кај Викторија Плзен во Лигата на шампионите. Овие два, како и мечот со Селта во шампионатот се добитната комбинација за Солари за да остане предводник на „кралевите“ до крајот на сезоната.
Менаџментот одлучи да му даде шанса на в.д. транерот и да почека да види како ќе се одвиваат работите во екипата.