Кошаркарот на Мемфис, Маркус Смарт, имаше само пофални зборови за неговиот соиграч, Зак Eди, кој беше избран како девети пик на годинешниов драфт. 22-годишниот центар на последниот подготвителен меч имаше 6 кошеви, 7 скокови, 1 украдена топка и една блокада.
„Тој ќе биде многу значаен за нашата одбрана. Неговите 224 сантиметри се значаен фактор“ – вели Смарт.
„Одлично се движи, има многу висок коефициент на интелигенција и продолжува да се подобрува. Имаме доволно талент во нашиот табор“ – потенцира Смарт.