Поранешниот холандски репрезентативец Весли Снајдер е уапсен во Утрехт. Фудбалерот на катарскиот тим Ал Гарафа испокршил паркиран автомобил во холандскиот град, по што морала да реагира и полицијата.
На играчот му е изречена казна и тој ќе мора да ја плати штетата на возилото.
Снајдер самиот не го потврди инцидентот. Според некои информации, фудбалерот бил пијан и задржан во притвор до утринава.