Тренерот на фудбалерите на Реал Мадрид, Сантијаго Солари, пред утрешниот реванш против Ајакс во 1 /8 финалето во Лигата на шампионите, вели дека не е загрижен околу шпекулациите поврзани со негово евентуално заминување од редовите на европскиот првак.
„Реал секогаш имал повеќе кандидати од Џулија Робертс, тоа е нормално, не се грижам за тоа. Кристијано е жива историја во клубот а неговите успеси се гледаат преку трофеите“ – потенцираше Солари.
„Точно е дека имавме премногу шанси на последните средби. Мислам дека во иднина мораме да ги реализираме. Тимскиот дух е одличен, не се откажуваме од титулата во Ла Лига иако главно размислуваме за Лигата на шампионите” – рече Солари.