16-ет годишниот Џуд Белингем, кој има одлични партии во Чемпионшип лигата во дресот на Бирмингем, може да добие понуда во текот на летото да се пресли во редовите на Манчестер Јунајтед.
Младиот фудбалер одигра повеќе 30 натпревари во силната конкуренција и покажа дека е еден од најголемите светски таленти. Луѓето од Бирмингем заедно со родителите на Белингем вчера биле во Керингтон на средба со извршниот директор на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард.
„Црвените ѓаволи“ се надеваат дека ќе бидат во предност во трката за потписот на младиот играч кој влегува и во пламновите на германскиот елитен состав, Борусија Дортмунд.