Одолговлекувањето на Давид де Геа да потпише нов договор со Манчестер Јунајтед ќе го натера раководството да започне да размислува за негова замена на гол линијата.
Шпанскиот фудбалер не сака да го продолжи договорот бидејќи не е задоволен од финансиски те услови а згора на тоа чека да види дали неговито тим ќе обебеди место во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Медиумите во Англија пишуваат дека „црвените ѓаволи“ се заинтересирани за англискиот репрезентативен чувар на мрежата Џордан Пикфорд од Евертон кој има трансферна цена од 50 милиони евра.