Менаџерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој го ангажираше само Дони ван Бек во текот на летниот трансфер период, верува декa располага со квалитетни играчи кои можат да постигнат завидни резултати.
Норвежанецот по поразот од Севилја во полу-финалето од Лигата на Европа, нагласи, дека сака да купи засилувања, но, желбата очигледно досега не му се исполни.
„Имаме играчи во кои веруваме. Клубот ја знае мојата визија, ние сакаме да го засилиме составот, има уште време до крајот на преодниот рок. Изгубивме многу пари, како и другите клубови“ – потенцираше Солскјер.