Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашниот пораз на теренот на Њукасл, вели дека е запалено црвеното светло во тимот.
„Нормално дека сме разочарани од текот на сезоната. Иако ни недостасуваат неколку првотимци, тоа не треба да биде оправдание за слабите резултати. Создаваме шанси, но, не ги реализираме“ – потенцира норвешкиот тренер.
„Сега ќе има пауза за натпреварите на националните тимови што значи дека ќе имаме доволно време да ги анализираме првите осум кола. Очекувам да се вратат и неколку играчи што се соочуваа со повреди“ – вели тренерот на „црвените ѓаволи“. Неговиот тим по осум одиграни натпревари го зазема 12. место во Премиер лигата со скромни девет бодови.