Менаџерот на Манчестер Јунајтед Оле Гунар Солскјер го доживеа својот прв пораз отккао е на клупата на тимот.
Ова се случи во многу лош момент, во првиот натпревар со Пари Сен Жермен (0:2) од 1/8 финалето во Лигата на шампионите. Тренерот ја потврди супериорноста на противникот и изјави дека неговиот тим треба да се научи да игра на толку високо ниво.
„Противникот ја презеде иницијативата по првиот гол и го контролираше натпреварот. Видовме дека не игравме добро и треба да учиме. Ова е искуство што треба да се акумулира на еден или друг начин. Не верувам дека овој пораз ќе има некакво одлучувачко значење за сезоната, но мораме да ги научиме вистинските лекции од тоа. Планините мора да се качуваат. Вие не може само да одите и да кажете дека се откажувате. Во реваншот, ќе одиме и ќе ја одиграме нашата игра. Ќе се обидеме да се преставиме подобро од денес. Денес беше вистински судир со реалноста за нас”, рече Солскјер.