Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер ги сподели своите очекувања пред продолжувањето на настапите во Лигата на Европа.
Да потсетиме дека Манчестер ќе игра против екипата на ЛАСК во 1/8 финалето на ова натпреварување. Овие два тима веќе го одиграа првиот натпревар од нивната осминафинална пресметка, во кој англискиот тим се покажа како пресиле, победувајќи со резултат 5:0 во Австрија.
„Трофејот би бил голем чекор напред за Манчестер Јунајтед. Драго ни е што успеавме да го освоиме третото место во англиската Премиер лига на крајот од минатата сезона, но следниот чекор за оваа екипа е да го освоиме трофејот во Лигата на Европа. Стигнавме до две полуфиналиња – во ФА Купот и Лига Купот – но сакаме да освоиме нешто“, изјави предводникот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер за „Скај Спортс“.
Реванш натпреварот кој треба да биде само формалност ќе се одигра денес со почеток во 21 часот.