Тренерот на кошаркарите на Мајами, Ерик Спелстра, имаше пофални зборови за Џими Батлер кој одигра ефикасен натпревар против Атланта. Кошаркарот на Мајами за 21 минута на паркетот имаше 24 поени, 5 скока, 3 асистенции и 3 украдени топки.
„Тој е супер ефикасен и многу активен во одбраната. Може да го стори сето тоа на двата краја на теренот на толку врвно ниво“ – вели Спелстра.
Мајами откако загуби во првиот претсезонски натпревар од Шарлот, влезе во победнички ритам. Успеа да ги совлада: Њу Орлеанс, Сан Антонио и Атланта.