Љупчо Цветкоски – Ждаре, како една од легендите на малиот фудбал во Македонија, во средата имаше убава средба со некогашниот македонски фудбалски репрезентативец и поранешен селектор на Македонија, Бошко Ѓуровски. Популарниот Ждаре, кој во средината на осумдесетите доминираше на терените за мал фудбал со екипата на Грамоси, и Ѓуровски се добри пријатели веќе со децении, а мечот од Лигата на шампионите меѓу Црвена Звезда и Барселона беше причина за нивна нова, емотивна средба, овој пат во Белград, каде освен што го следеа мечот од трибините имаа можност да прошетаат и низ клупскиот музеј на белградските „црвено-бели“ и да поразговараат за фудбалот некогаш и денеска.