Напаѓачот на Ливерпул, Даниел Стариџ е под истрага за прекршување на правилата за ограничувањето на фудбалерите да учествуваат во обложување на фудбалски средби, објави Фудбалската асоцијација (ФА).
Фудбалер на Ливерпул има една недела да ја објасни ситуацијата пред истражните органи. Ливерпул рече дека ќе учествува во истрагата и ќе помогне со информации.
„Даниел цврсто не увери дека никогаш не се обложувал на фудбалски натпревари“, велат од „Енфилд“.