Лидерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, ја додаде единствената престижна индивидуална награда која досега недостасуваше на неговата богата витрина со пехари.
Ѕвездата на новите шампиони во НБА-лигата беше прогласен за МВП – „најкорисен играч“ во финалните натпревари, откако го предводеше својот тим до триумф над Бостон Селтикс со 4:2.
Stephen Curry receives the Bill Russell Trophy as the 2022 #NBAFinals MVP! #NBA75 pic.twitter.com/rWxCcmdpCl
— NBA (@NBA) June 17, 2022
Така, покрај освојувањето на четвртата шампионска титула во легендарната кариера, Кари ја збогати и својата колекција на индивидуални награди, во која му недостигаше само МВП на финалната серија. Тој успеа да дојде до оваа награда од четвртиот обид, откако во претходните три обиди наградата им припадна на Андре Игудала (во 2015 година) и на Кевин Дурант (во 2017 и 2018 година). Така Кари стана шестиот играч со најмалку 4 шампионски прстени, најмалку 2 МВП во регуларниот дел од сезоната и еден МВП на финалето по Леброн Џејмс, Мајкл Џордан, Меџик Џонсон, Карим Абдул-Џабар и Тим Данкан.
Во овогодинешното финале против Бостон Селтикс, Стеф Кари имаше просек од 31,1 поен, 5,8 скока и 5,0 асистенции.