Нашиот атлетичар, Огнен Стефановски, постави национален рекорд во дисциплната скок со стап во сала со што го урна досегашниот поставен во 1969 година кој беше еден од најстарите македонски рекорди во „кралицата на спортовите“.
Стефановски успеа да прескокне 3,65 метри штое речиси три метри послабо од светскиот рекорд на Швеѓанецот, Арманд Дуплантис, кој има прескокнато 6,22 метри, објави Атлетската Федерација на Македонија на социјалните мрежи.
Стефановски и претходно имаше забележителни резултати во различни дициплини и на меѓународните натпреварувања.