7-кратниот светски шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, по квалификациите во Силверстон потенцираше дека Мекларен го копирал моделот РБ19 на Ред Бул. На тоа реагираше тимскиот шеф на Мекларен, Андреа Стела.
„Ништо не сме копирале, тие тврдења се навредливи. Секој тим зема инспирација од работата на другите“ – вели Стела.
„Тимовите можат да извлечат вредни информации од фотографиите, па дури и само со гледање на болидите. Но, тоа не значи дека копираме“ – вели Стела.