Стефан Стојановиќ кој деновиве се врати од Венеција со освоен бронзен медал на Светското првенство во карате за младинци, денеска беше гостин на програмата на Спортско радио 90,3 ФМ.
„Конкуренцијата беше исклучително силна и морам да бидам задоволен со остварениот резултат. Битката за медал беше крајно динамична, иако губев на стартот, сепак, успеав да направам голем пресврт во последните две секунди и да победам со 3:2. За таа крајно динамична и неизвесна борба сигурно ќе се зборува и во иднина“ – вели Стојановиќ.
„Веднаш по враќањето од Италија влегов во тренинг процес за Балканското првенство и светското првенство закажани за во ноември и во декември. Набрзо ќе наполнам 21 година што значи од наредната ќе се префрлам во сениорската конкуренција. Се надева дека и таму ќе го покажам квалитетот што го имам и ќе успеам да освојам медали“ – нагласи Стојановиќ во дел од интервјуто за Спортско радио 90,3 ФМ.