Дефанзивниот фудбалер на Англија, Џон Стоунс, отворено проговори за мечот со Колумбија. Според него, тоа е веројатно највалканиот тим против кого играл во кариерата.
„ Кога го добивме пеналот, тие го заобиколија судијата, го туркаа, па дури и удираа, имаше удар кон Хендерсон претходно, сигурен сум дека сите го видоа тоа“ вели играчот на „Гордиот Албион“.
„Постоеjа многу работи кои беа кажани од нивна страна на мечот а за жал не можевте да ги слушнете, сите беа работи кои не се вообичаени за еден фудбалски натпревар“ – објасни Стоунс.