Струга Трим Лум на денешниот меч против Бреидаблик во Охрид, на клупата ќе биде без тренерот Шпетим Дуро. Дуро има суспензија од еден меч и ќе мора да ја одработи на денешната средба.
„И јас сега дознав дека имам суспензија од еден натпревар од УЕФА, но тоа е што е, и мора да ја прифатам. Мислам дека тоа е заслужена казна, бидејќи по натпреварот излегов од контрола по големиот товар и провокациите од клупата на тимот од Луксембург. Казната е целосно заслужена, дефинитивно ми е жал што нема да ја водам екипата, но со помош на мојот стручен штаб, со кој веќе извесно време работиме заедно, мислам дека се ќе оди во најдобар ред“, изјавил вчера на прес-конференцијата пред денешниот натпревар, стратегот на шампионот.