Напаѓачот на фудбалскиот состав Барселона, Луис Суарез, кој синоќа го постигна петтиот гол за триумф против Мајорка со 5:2, вели дека тој погодок му е најубавиот во досегашниот дел од кариерата.
„Тоа е мојот најубав гол. Знаев дека аголот е мал и мојата последна опција беше да ја удрам топката со пета. Само така имав шанса да го совладам голманот“ – вели Суарез.
Уругваецот со вчерашниот гол успеа да влезе на листата на стрелците што постигнале погодок против секоја екипа со која играле во Примера Дивизион. Тој досега има постигнато 139 голови против 28 различни состави.