Даниел Субашиќ го израмни рекордот по одбранети пенали на натпреварите на светските првенства. Тој успеа да одбрани дури три пенали во пенал-рулетот на синоќешниот дуел со Данска во осминафиналето на СП во Русија.
Рекордот го постави голманот на португалската репрезентација, Рикардо во четврфиналето против Англија во 2006 година. Тогаш Рикардо одбрани три пенали против англичаните за пласман во полуфиналната рунда.