Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека премиерното издание на новиот клупски Мундијал со 24 екипи ќе се одржи во 2021 година во Кина.
„Најдобрите клубови од светот ќе се борат за победничкиот пехар. Тоа ќе биде вистински спектакл а бидејќи се одржи во Кина, свесно придонесуваме за дополнителен развој на фудбалот во Азија“ – изјави денеска првиот човек на ФИФА.
Европа ќе ја претставуваат екипите што ја освоиле ЛШ и Лигата на Европа во претходните четири сезони, но, постои можност да бидат доделени и вајлд-карти на неколку европски гиганти иако не успеале да дојдат до пехарите во споменатите натпреварувања.