Само неколку дена ни делат од боксерската битка меѓу Тајсон Фјури и Олександар Усик во Ријад, Саудиска Арабија. Меѓу оние кои ги дадоа своите прогнози за борбата е и легендарниот Мајк Тајсон.
„Со нетрпение ја очекувам таа борба. Тоа ќе биде интересна борба во која предност му давам на Тајсон Фјури, бидејќи мислам дека тој лесно ќе го совлада Усик. Ќе го стигне и ќе го совлада. Морам да навивам за Фјури. Мислам дека тој е најдобриот боксер во светот, особено во тешка категорија Големите борци губат, големите борци изгледаат лошо, но тоа не ги спречува да бидат големи борци“, изјавил Тајсон.