Најдобриот кошаркар на НБА шампионот Бостон Селтикс, Џејсон Тејтум, изјави дека и во новата сезона од најсилната кошаркарска лига во светот очекува идентично финале. Тејтум ги избра своите финалисти за следната сезона во НБА и според него и оваа година таму нема да има промени.
Во гостувањето кај Џими Фалон, ѕвездата на Бостон не се двоумеше да ги нарече Селтикси финалисти на Источната конференција, додека како противник од западната страна повторно го очекува тимот на Далас предводен од Лука Дончиќ.
Селтикси ги победија Маверикс во финалната серија минатата сезона со 4-1.