Фудбалерите на Баерн Минхен доцна синоќа одиграа нерешено на гостувањето кај Фрајбург (2:2) и направија чекор назад во трката за шампионската титула.
Гостинскиот фудбалер Матис Тел, вели дека неговиот состав бил далеку подобар во вториот дел и дека требал да ги освои трите бода.
„Имавме многу шанси за гол, но постигнавме само два што за жал не беше доволно. Секако дека треба да играме подобро. Сега мора да гледаме напред. Треба добро да се подготвиме за мечот со Лацио“ – изјави напаѓачот на Баерн.