Тренерот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, очекува Хари Мегваер да се бори за место во првата постава иако имаше одредени шпекулации дека ќе биде продаден до почетокот на сезоната во Премиер лигата.
„Мегвар секогаш треба да биде одличен на неговата позиција. Самиот се доведе во ситуација да мора да се докажува“ – потенцираше холандскиот тренер.
„Мегваер мора да донесе одлука според неговите желби. Може да остане а може и да си оди. Јас ќе бидам среќен ако го имам на списокот“ – вели Тен Хаг.