Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, не крие дека е задоволен од вчерашната победа кај Вулверхемптон во рамките на Премиер –лигата.
„Многу важна победа иако на натпреварот може да се гледа од неколку агли. Требаше да водиме со 3:0 или 4:0 но, не ги реализиравме нашите шанси“ – вели Тен Хаг.
„Важно е да се однесуваме поодговорно во одредени ситуации бидејќи ние сме искусен тим и должни сме да се носиме со таквите моменти“- потенцираше тренерот на „црвените ѓаволи“.