Поранешниот кошаркар на ЦСКА и ЛА Клиперс, Милош Теодосиќ е на чекор од потпишување на договор со италијанска Виртус Болоња.
Договорот меѓу двете страни ќе биде за три години. Други детали од договорот не се објавени. Вреди да се спомене дека Виртус Болоња е предводена од Саша Ѓорѓевиќ, кој исто така ја води српската кошаркарска репрезентација.
Теодосиќ замина од ЦСКА во летото 2017 година, потпишувајќи договор со Лос Анџелес Клиперс. Во НБА помина две сезони, одигра 60 натпревари во кои имаше просек од 8 поени и 4 асистенции.