Екипата на Тојота ја обезбеди четвртата титула во серија кај конструкторите во Светскиот рели шампионат откако возачите, Елфин Еванс и Кале Рованпера, успеаја да ги освојат потребните бодови на трката во Чиле.
Тоа е седма светска титула за Тојота која доаѓа по точно 30 години откако беше освоен првиот пехар во 1993-та.
Најуспешна екипа во историјата останува Ланчиа со 10 светски титули пред Цитроен со 8.