Томас Бах би можел да остане претседател на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и по истекот на третиот (последен) мандат во 2025 година. Имено, неколку членови на ИОК повикаа на промена на Олимписката повелба за да му се даде нов мандат на Бах.
Луис Мехија Овиедо, член на ИОК од Доминиканската Република, повика на реформа на повелбата и рече дека на олимпиското движење сè уште му е потребно водството на Бах. Аича Гарад Али од Џибути и Алжирецот Мустафа Бераф, претседател на Асоцијацијата на африканските олимписки комитети, го поддржаа предлогот.
Извршниот комитет на ИМОК под раководство на Бах, а потоа и Генералното собрание ќе одлучува за секое соодветно прилагодување на статутот, а следниот конгрес е закажан непосредно пред Летните игри 2024 година во Париз. Во моментов нема официјален кандидат за наследник на Бах.