Вицешампионот во Премиер лигата, Арсенал и официјално го претстави најскапото засилување, младиот играч на Вест Хем и англиски репрезентативец Деклан Рајс. „Топчиите“ платија 105 милиони фунти за англискиот репрезентативец, што го прави најскапиот трансфер во историјата на клубот од северен Лондон.
Рајс повторно ќе го носи бројот 41 во својот нов клуб, а неговиот договор со Арсенал ќе биде до 2028 година со опција за продолжување.
Досега најголемиот трансфер во историјата на Арсенал беше оној на Николас Пепе, кој од Лил се преслеи во Лондон за 72 милиони фунти.
24-годишниот фудбалер станува третото засилување во летниот преоден рок за „топчиите“, кои досега ги ангажираа Каи Хаверц од Челзи и Јуриен Тимбер од Ајакс и потрошија 208 милиони фунти за нови играчи.